Продолжува ремонтот во МЗТ Скопје: Бејли замина, пристигна Павличевиќ

289

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје со засилено темпо ги продолжи промените во играчкиот кадар.

Денес клубот објави дека е ангажиран репрезентативецот на Црна Гора, Никола Павличевиќ. Станува збор за плејмејкер, кој минатата сезона настапуваше за унгарски Солнок, а кој летово беше дел од репрезентацијата на Црна Гора на Европското првенство (ЕП). Претходно има играно за Унион Олимпија, Сутјеска, Ловќен и Халман Виена.

Аеродромци во исто време информираат дека Американецот Брет Бејли, кому му заврши тримесечниот договор со клубот,  нема да биде продолжен. Тој настапи на шест средби во „сино-белиот“ дрес во АБА-лигата со просек од 7,7 поени и 3,4 скока.