Продолжува егзодусот: Лејно го напушта Вардар и се сели во Ѓер

686

Француската репрезентативка и голман на ЖРК Вардар, Амандин Лејно од идната сезона ќе биде член на актуелниот европски првак Ѓер.

Клубот потврди дека таа потпишала договор на две сезони (1+1) и ќе биде големо засилување во обидот да се продолжи доминацијата во европскиот ракомет. Таа е трета ракометарка што го повтрди заминувањето од Скопје по Алесандра Лакрабер која се сели во Флери и Андреа Пенезиќ која ја завршува кариерата.

“Ѓер како клуб многу значи бидејќи е најдобар во ракометната историја. Секоја ракометарка сака да игра таму и јас на ова гледам како напредок во кариерата”, изјави Лејно.

Покрај неа, Ѓер го потврди продолжувањето на договорите со уште три ракометарки. Станува збор за Сузана Томори, Ева Киш и Сидонија Пухалак.