Продолжи проклетството на Рамси: Фудбалерот на Арсенал „однесе“ уште една жртва

7476

Кога велшкиот репрезентативец Арон Рамси постигна гол во неделата, цел свет го очеуваше името на новата славна личност што ќе го загуби животот.

Само ден потоа, почина поранешниот светски шампион во мотоциклизам Ники Хејден кој сега е на долгиот список на “жртви” на Рамси. Неговата црна серија почна на 16 октомври 2009 година со смртта на новинарот Андрес Монтес, а по головите на Велшанецот, починаа или загинаа уште еден куп славни личности: Антонио де Нигрис, Осама Бин Ладен, Стив Џобс, Муамар Ал-Гадафи, Витни Хјустон, Пол Вокер, Робин Вилијамс, Дејвид Боуви итн.

Неодамна, во едно интервју, Рамси ги молеше новинарите да не објавуваат вакви приказни затоа што се чувствува непријатно. Се разбира дека ова е само некоја чудна коинциденција која нема врска ниту со самиот фудбалер, ниту со неговите голови.

loading...