Провокација за Реал или случајност: Фиго на „каверот“ на УЕФА во дрес на Барселона (ФОТО)

1363

УЕФА вчера ја смени фотографијата на каверот од профилот на Твитер и предизвика бура реакции кај љубителите на фудбалот.

На новата фотографија се дел од најдобрите фудбалери на денешнината и последните 25 години, а особено внимание предизвика појавата на Луис Фиго. Поранешниот португалски репрезентативец е претставен во дрес на Барселона и тоа од компанијата Капа која ги снабдуваше “каталонците” со спортска опрема во првите две сезони од доаѓањето на Фиго.

Можеби тука нема ништо чудно ако се знае дека Португалецот помина по пет сезони во Барса и Реал, но изненадува зашто, на пример, тој не е во дрес на својата репрезентација ако се знае дека и други фудбалери од оваа карикатура се претставени на тој начин.

loading...