Проблемот на Ѓоковиќ не е од сега трае…

1714

Кoга сe чиниеше дека е на прагот да се врати на освојувањето титули, Новак Ѓоковиќ беше приморан да се повлече и тоа поради повреда во четвртфиналето на неофицијалното Светско превнство во тенис (Вимблдон).

Српскиот тенисер изјави дека веќе година и половина се мачи со повредата на десниот лакт. Тој се обиде да даде се од себе во првиот сет, но беше немоќен во продолжението.

Кај форхендот и сервисот чувствува најголема болка, не можев да продолжам“ – истакна Србинот.

Гримасите на лицето во четвртфиналната пресметка со Манарино беа знак дека нешто не е во ред со Ѓоковиќ, но тој се надевал дека сотојбата ќе се подобри до денеска.

Згора на се не му одеа во прилог нити временските услови, ниту одлуките на организаторот, па тој играше ден за ден без одмор, што додатно ја влоши остојбата со повредата.

Третманите и терапиите не помогнаа. Болката не се намали, моите физиотарапевти и лекарскиот тим сторија се. Не ни помилсував да не го започнам мечот, сакав да се обидам, но ...“ – искрен беше Ѓоковиќ