Пробиштип ја прослави вицешампионската титула, следната година цел е првото место

145

Одбојкарите на Пробиштип ја прославија вицешампионската титула, откако во финалето беа поразени со 3:0 од шампионот Струмица.

Во клубот се задоволни од резултатот, истакнувајќи дека секоја година одат чекор понапред, со што следната година ќе атакуваат и на шампионскиот трофеј.

Од Пробиштип, преку својот фејсбук профил, се заблагодарија на поддршката на спонзорите и на општината, но не заборавија и да му замерат на својот ривал за лошата организација на натпреварот.

„Вицешампиони! Секоја година чекор понапред. Голема благодарност до нашиот генерален спонзор ВЕСНА АКУМУЛАТОРИ, ТАБ МАК,на општина Пробиштип,на нашата верна публика,на сите граѓани кои ни даваа безрезервна поддршка“, напишаа од ОК Пробиштип на својот фејсбук профил.

Претходно, од Пробиштип му честитаа на новиот шампион Струмица, но имаше замерки нивна сметка како домаќини на финалето, пред се поради организацијата на самиот натпревар.

„Честитки за екипата на ОК Струмица за освоената шампионска титула. Честитки за освоеното второ место за нашите играчи! Сите кои се дел од ОК Пробиштип ВА можат да бидат горди на својот клуб, исто како и верната наша публика,граѓаните на општина Пробиштип, ова сепак е најголем успех во досегашното наше постоење, а и на спортот во нашиот град. Мора да истакнеме, за жал и за мизерната организација на домаќините, недолично за едно финале, без разглас, никаква официјалност, завршна церемонија… Можеа медалите да ни доделат и спакувани за по пат, срамно.“

loading...