Пријателски меч со драматичен финиш: Падна сам од себе, соиграчите стискаа палци (Видео)

3005

На пријателски меч денеска меѓу екипите на Ајакс и Вердер, дојде до еден драматичен момент за еден фудбалер.

Вердер водеше со 2:1 против Ајакс во подготвителниот натпревар, а потоа одненадеж еден играч на тимот од Амстердам, се сруши сам од себе.

Неколку играчи веднаш се испаничија, по што влезе и лекарската екипа, но се уште не е познато за што точно станува збор. Мечот се разбира веднаш беше прекинат, а фудбалерот Абделак кој во безсознание беше изваден од теренот, го пренесоа во болница, каде докторите му го спасувале животот.

Случката е по 10 секунди од видеото..