Причината за гневот на Евра: Дојди овде, дојди да се решиме! (Видео)

2931

Патрис Евра беше во свој елемент вечерва пред почетокот на мечот против Гимараеш, каде имаше сериозен инцидент со еден навивач на Марсеј.

Тој беше испровоциран од одредени скандирања, а се шпекулира дека тие скандирања биле дури и на расна основа, по што работите зовреа кај Патрис Евра.

Евра при загревањето, излезе од терен, се упати кон трибинскиот простор, со гестикулација го повика навивачот да му се приближи и почна гужвата.

Со овој потег Евра сигурно ќе биде санкциониран од УЕФА а веројатно и од неговиот клуб, а стана и првиот играч во историјата на ЛЕ, кој заработил исклучување пред почетокот на мечот.