Принтезис уште сега си го посака противникот во финале за следната сезона во Евролигата

848

Мозокот на Олимпијакос, како што го нарекуваат фановите од Пиреа, Јоргос Принтезис, за следната сезона ја посакува Црвена Ѕвезда за ривал во финалето од Евролигата.

Со оглед на тоа дека следната сезона фајнал-форот се игра во нашето соседство, односно во Белград, Принтезис посакува Црвена Ѕвезда да биде присутна, и токму против нив да играат за титулата.

Олимпијакос беше поразен во овогодинешното финално издание во Евролигата од Фенербахче (80:64), а придонесот на Принтезис беше скромен, запиша само седум поени.

Подготвен сум и се радувам на фајнал-форот во Белград, но доколку успееме да избориме пласман на завршницата, во финалето секако ќе играме против Црвена Ѕвезда. Токму како и во Мадрид 2015 година“, изјави Принтезис за грчките медиуми.

Четирите најдобри екипи на стариот континент ќе играат следниот мај во Комбанк Арената.

loading...