Прилеп со блокада за ФФМ кај УЕФА

756

В.Д. претседателот на Победа, Ирена Јакимовска ги елаборираше причините за доцнењето со изградбата на теренот и реконструкцијата на трибините на Градскиот стадион ,,Гоце Делчев“. Притоа откри дека поради ова, ФФМ е блокирана кај УЕФА и не може да аплицира за нови проекти.

„Суштината на проблемот не е во ФФМ, како што беше досега кажувано. Јас не сакам да кажувам нешто без факти. Ова е проблем и за ФФМ бидејќи од сите 5 проекти за кои што таа добила средства од УЕФА, само нашиот проект не е завршен и автоматски со тоа се предизвикува пречка за да тие не можат во иднина да аплицираат за нови проекти до УЕФА за да можат да градат и понатаму бидејќи овој проект не е затворен“, изјави Јакимовска и во продолжение ја објасни подетално целата ситуација.

„Суштината на проблемот е во тоа што во одобрението за градба агрегатот за струја е поставен во место каде веќе има постоечки објект. Она што Градоначалникот Илија Јованоски го вети заедно со неговиот тим, е дека ќе се нарави промена на планот на целиот проект, надзорот од ФФМ веќе е дојден, и се надевам дека заедно со одделнието за урбанизам при Општина Прилеп за брзо време ќе најдат соодветно решение за проблемот и ќе се продолжи со изградба на стадионот. На тој начин стадионот во поглед на теренот и електричната енергија ќе бидат завршени до стартот на новата сезона затоа што наша цел е Победа повторно да започне да игра во Прилеп. Со тоа очекуваме не само што стадионот ќе ни го овозможи 13-тиот играч-публиката, туку задоволството од гледањето на фудбалот може да донесе дополнителни начини за приход како на Општината така и на клубот“ заврши Јакимовска.