Признание за тренерот на Антиќ: Жељко Обрадовиќ е најдобар во Еврлигата

400

Српскиот кошаркарски стручњак на клупата на Фенербахче, Жељко Обрадовиќ, добитник е на наградата „Александер Гомељскиј“ која се доделува на најдобриот тренер во Евролигата.

Обрадовиќ сезонава успеа да го одведе Фенербахче до историската прва титула за овој клуб, но и прва за било која турска екипа.

На второто место заврши тренерот на Олимпијакос Јанис Сфаиропулос, додека третото место го поделија Сито Алонсо од Басконија и Шарунас Јасикевичиус од Жалгирис, стои на официјалниот сајт на Евролигата.

Иако лигашкиот дел од сезоната го заврши на петтото место, Обрадовиќ го направи својот тим најдобар во одлучувачките натпревари од шампионатот.

За Обрадовиќ ова е третпат да се закити со ова признание, откако претходно како тренер на Панатинаикос ја освојуваше оваа награда во 2007 и 2011 година.

Трофејот „Александер Гомељскиј“ во чест на славниот руски тренер се доделува од 2005-та година. Обрадовиќ оваа година ја освои својата деветта европска шампионска титула и по тој параметар е неприкосновен во Европа.