Претседателот на Ла Лига се издаде: Меси го продолжил договорот со Барса!

597

Претседателот на шпанската фудбалска професионална лига Хавиер Тебас ја откри тајната која ја чуваше Барселона, а ја очекуваат милиони жители низ светот.

Лионел Меси го продолжи договорот со Барселона иако ниедна од страните не излегува во јавноста со потврда на информацијата.

“Договорот на Меси е обновен, освен ако не ме излажале. Официјално, договорите се валидни кога под нив стојат соодветните потписи, а не кога се објавени во јавноста”, изјави Тебас.

Од Барса уште на 5 јули објавија дека е постигната согласност со Меси за продолжување на соработката, но додадоа дека останува да се стави потпис. Медиумите во Каталонија тогаш шпекулираа дека Меси имал услов да се повлече претседателот Бартомеу за да го парафира договорот.