Претседателот Иванов ќе им додели ордени на ракометарите и на РК Вардар

646

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска ќе им додели ордени на ракометарите и Ракометниот клуб Вардар.

Специјалната церемонија ќе се одржи попладнево, по прославата на плоштадот во Скопје. Ордените се доделуваат како резултат на освоената титула во Лигата на шампионите.