Премиер лигата се тресе: Роналдо ја донесе конечната одлука

12248

Британски „Скај“ јавува дека Португалецот е заинтересиран ова лето да се врати на „Олд Трафорд“.

Ова ќе биде лето во кое секако ќе доминира Кристијано Роналдо, а изгледа не очекува и најинтересната трансфер сага во поновата фудбалска историја.

Откако се појави информацијата дека на челниците на Реал им истакнал дека сака да си оди бидејќи е наводна жртва на истрагата за затајување на данок, не престанува да се зборува за најбогатите светски клубови во кои Роналдо би можел да ја продолжи својата кариера.

Особено доверливиот британски „Скај“ објави, повикувајќи се на свои извори, дека Кристијано Роналдо е заинтересиран за можноста ова лето да се врати во Манчестер Јунајтед од кој во 2009 година и пристигна на „Сантијаго Бернабеу“.

Таа вест предизвика вистинска хистерија меѓу навивачите на „Црвените ѓаволи“, особено што се знае дека Роналдо е навистина поврзан со Јунајтед во чиј дрес под командата на Сер Алекс Фергусон израсна во една од најголемите фудбалски ѕвезди на денешницата.

Јасно е дека Јунајтед во овој момент е еден од клубовите, заедно со ПСЖ, Манчестер Сити и некои тимови од Кина, кои финансиски можат да најдат начин да ја затворат конструкцијата од овој мега трансфер.

Јунајтед во овој момент, барем според информациите од Островот, нема да ги коментира овие информации се со цел да не биде вовлечен во трансфер сагата пред почетокот на преодниот рок.

Истовремено, во Реал се надеваат дека и понатаму имаат шанса да го променат мислењето на Роналдо, иако како времето минува, а контактите на другите клубови со менаџерот Жорж Мендеш стануваат се почести, се помали се шансите да се случи такво нешто.

Утринава се појави и информација на британски „Сан“ според кој Роналдо му рекол на својот агент Жорж Мендеш да направи се што е во негова моќ да го исфорсира трансферот во Манчестер Јунајтед.

Јунајтед го продаде Роналдо во 2009. година за сума од 94.000.000 евра за тогашен светски рекорд, а според тврдењата на шпанските и англиските медиуми, Реал сега ќе се обиде да земе двојно повеќе пари за неговото заминување.

Инаку, сумата за која Шпанците го товарат Роналдо дека ја затаил на име на данок изнесува 14.700.000 евра.