Премиерна титула за ЖРК Вардар во ВРХЛ лигата

506

Ракометарките на Вардар ја совладаа екипата на Будуќност во финалето од ВРХЛ лигата, со резултат 27:25.

Ова им беше и повеќе од потребно на ЖРК Вардар, пред престојните настапи на Ф4 турнирот од ЛШ во Будимпешта, каде ќе пристапат со зголемена самодоверба.

И двете екипи ќе играат на тој завршен турнир во лигата на шампионите во Будимпешта.

Во однос на полуфиналниот натпревар со Подравка, сега во составот на Вардар ја немаше голманката Мајса Песоа. Таа и Суслина бранеа на тој меч, а иако беше во состав на клупата остана Амандин Лејно. Французинката сега го почна финалниот натпревар на голот.

Вардарки го имаа овој натпревар под контрола, на полувреме заминаа со предност од еден гол (15:14), а на крајот победија со два гола предност (27:25).

Најефикасна во редовите на ЖРК Вардар беше Тамара Мавсар со шест погодоци, додека кај Будуќност блескав настап имаше Кристина Неагу и Катерина Булатовиќ кои постигнаа по 8 голови.

loading...