Премиерлигата постави рекорд во ЛШ кој не им успеал дури ни на „силните“ шпански екипи

1164

Шампионскиот трофеј во ЛШ две години по ред им припаѓа на Реал Мадрид, а сезонава ќе имаат пеколна задача да дојдат до финале, со оглед на големата конкуренција.

Но, за промена оваа сезона, пет екипи од Премиерлигата се најдоа во завршниот дел од ЛШ, односно во елиминационата фаза, нешто што досега им нема успеано.

Англичаните се првата нација која успеала да протне пет екипи во елиминационата фаза од ЛШ, со што се докажува дека англискиот фудбал оди во нагорна линија.

Наскоро ќе се случи ждрепката, а првите елиминациски средби се закажани за 12, 13 и 20 и 21 февруари.