Прекин во Тетово на дербито Шкендија-Вардар

519

На почетокот од дербито на 1.коло во домашната ПМФЛ меѓу Шкеднија и Вардар имаше мал прекин поради домашните навивачи. Балистите на теренот фрлија хартиени ленти, а потоа простреа голем транспарент.

На големото платно Шкендија беше претставена како филмскиот херој „Хулк“, кој лесно се справил со Дачија, Хелсинки и Тракаи,тоа с евсушност противниците кои тетовскиот тим ги елиминираше во квалифкациите за Лига Европа.

Прекинот траеше три минути, а откако теренот беше исчистен, натпреварот продолжи.