Пред Дембеле, Дортмунд го понудиле Обамејанг на Барселона, но…

713

Откако Нејмар ја напушти Барселона и се пресели во ПСЖ, многу работи се променија во овие два клуба.

Барселона од трансферот на Нејмар доби импозантни 222 милиони евра, но тоа само им ги отежна работите при доведување на нови играчи. Прва мета на Каталонците беше Филипе Кутињо, кој Ливерпул не сакаше да го пушти, па тој трансфер не се оствари.

Сепак, неколку дена пред завршување на трансфер периодот, Барселона успеа да го донесе талентираниот Осман Дембеле од Борусија Дортмунд за висока сума на пари.

Но германските медиуми сега откриваат дека првично Дортмунд им го нудел Пјер Емерик Обамејанг, а не Осман Дембеле, а Барселона била по заинтересирана за помладиот играч.

Тој трансфер подоцна се оствари, па Обамејанг не го напушти Дортмунд, а одговорот на Барселона бил дека веќе го имаат Суарез во составот, и дека не им е потребен уште еден таков играч, мислејки на Обамејанг.

Но при една таква ситуација тешко би се остварил таков трансфер, бидејки знаеме дека Обамејанг честопати најавува дека доколку ја напушти Борусија, тоа би го направил за единствениот клуб, Реал Мадрид.