Пред вечерашната средба Италија – Шведска, Балотели има посебна порака до Ибракадабра

1719

Репрезентацијата на Италија вечерва на „Сан Сиро“ го игра мечот на нивните животи, или меч за преживување на агонијата и очајот кој им се заканува по пат на медиумите.

Во првиот меч против Шведска, Италијаните минимално загубија, а вечерва со целиот свој фокус и расположливи средства, ќе се обидат да го свртат резултат и уште еднаш да ја израдуваат нацијата, која последно во 2006-та се радуваше на светска титула.

Некогашниот репрезентативец на Италија, Марио Балотели, верува дека Италија ќе се пласира понатаму, и дека со победа над Шведска ќе го оствари тоа, а освен неговото мислење, напаѓачот на Ница се обиде да испрати и порака до неговиот поранешен пријател и екс соиграч во Интер, Златан Ибрахимовиќ, кој е екс шведски репрезентативец.

Не знам зошто луѓето ме прашуваат се уште зошто не сум во селекцијата. Селекторот Вентура има свој избор и јас тоа го почитувам. Сега има поважни работи од моето неиграње во репрезентацијата“.

Верувам дека нашиот тим е кадарен за победа и дека со вистинска поддршка од трибините, ќе одиме на тоа СП. На мојот пријател Златан имам нешто да му порачам, овој пат ние ќе ве победиме!“, потенцира Супер Марио, како што често го нарекуваат.