Прв скандал на ЗОИ: Иран и Северна Кореја протестираат поради мобилни телефони

1238

На првиот ден на свеченото отварање на Зимските Олимписки Игри (ЗОИ) во Пјонгџанг се случи и првиот скандал кој дури заврши и со дипломатски ноти.

Имено, организаторите предвидеа сите од вкупноте 4000 спортисти кои ќе учествуваат на ЗОИ, да добијат поклон Самсунг смартфон Галакси Ноте8 во вредност од 1100 долари.

Скапите мобилни телефони веќе завршија во рацете на сите спортисти, со исклучок на оние кои доаѓаат од Иран и Северна Кореја.

В четврток навечер дури бил повикан амбасадорот на Јужна Кореја во Министерствот за надворешни работи на Иран во Техеран кој морал да објаснува зошто не добиле телфони спортитсти од оваа држава.

Медиумите јавуваат дека спортистит од Северна Кореја и Иран не добиле поклон бидејќи овие држави се под санкции од Обединетите нации (ОН).

Иранците потоа се обратија и до јужнокеранскиот произведувач на електронска опрема „Самсунг“ кого го посочија за виновник.

„Самсунг“ веднаш се произнесе и истакна дека тие телефоните ги дистрибирале до Интернационалнио олимписки комитет (ИОК) кој го задржува правото за понатамошна распределба.

На крај ИОК вети дека ќе и подели телфони и на спортистит од овие две држави, со тоа што ги замоли натпреварувачите од Северна Кореја да не ги носат со себе подароците во својата татковина.