Прво Скопје, па родниот град: Огулин на спектакуларен начин го пречека Лука Циндриќ (ВИДЕО)

1772

Огулин е мал град во западниот дел на Хрватска, има едвај 14 илјади жители, но извади еден од најдобрите светски ракометари на денешнината.

Тоа е членот на Вардар, Лука Циндриќ кој во неделата стана европски првак со “црвено-црните”, а огромна заслуга за тоа имаше самиот тој. Во полуфиналето го постигна победничкиот гол против Барселона, а во финалето против ПСЖ беше еден од најдобрите на теренот.

Поради тоа, синоќа неговите сограѓани му приредија спектакуларен пречек на кој заеднички му честитаа за големиот успех.