Првите проценки излегоа: Kој ќе оди во четвртфиналето од ЛШ, a кој е прв фаворит за титулата?

2037

Коефициентите и шансите се променија. ПСЖ беше прв фаворит, но повеќе не е!

Првите реакции за двојките во осминафиналето од Лигата на шампионите секако се поделени. Италијанците се задоволни, бидејќи Јувентус пред се сакаше да го избегне Манчестер Сити, а Рома го доби Шахтјор од Доњецк. Реакциите се поделени и кај Англичаните, иако тројца нивните претставници добија релативно лесни задачи во осминафиналето, Челзи и Тотенхем ќе мора да ги прескокнат Барса и Јуве.

Интересно е што уште во осминафиналето ќе играат два од трите главни фаворити за титулата. ПСЖ според обложувалниците беше прв фаворит за освојување на титулата, следуваше Барселона, а трет беше Реал Мадрид. Но, работите се променија, сега Сити е прв фаворит поради ждрепката, а и фактот дека има голема предност во Премиер лигата, па ќе може полесно да се подготвува за европските натпревари.

Но, какви проценките за осминафиналето, односно кој ќе оди понатаму во четвртфиналето од Лигата на шампионите?

Јувентус – Тотенхем (60% – 40%)
Базел – Манчестер Сити (10% – 90%)
Порто – Ливерпул (35% – 65%)
Севиља – Манчестер Jунајтед (30% – 70%)
Реал Мадрид – ПСЖ (50% – 50%)
Шахтјор – Рома (35% – 65%)
Челзи – Барселона (30% – 70%)
Баерн – Бешикташ (85% – 15%).

На основа на ова, обложувалниците веќе формираа коефициенти. Јасно е дека Сити е фаворит број 1, мали шанси му се даваат на Челзи против Барселона, а Тотенхем има солидни шанси против Јуве. Баерн исто така може да биде задоволен од ждрепката.