Првиот човек на Примера завзеде став во однос на аферата со данокот на Роналдо

2413

По упорното пишување на медиумите низ Европа дека Кристијано Роналдо е навистина виновен и дека прикривал данок, првиот човек на ЛА ЛИГА, Хавиер Тебас, застана на страната на Португалецот.

Тебас верува дека играчот на Реал Мадрид е невин, и дека сите пишувања во медиумите се со цел да го оцрнат името на Португалецот.

Познавајки ги луѓето околу него и знаејки колку се професионалци, сигурен сум дека Роналдо е невин. Живееме во такви времиња, што секоја вест од управата за данок, по автоматизам некого обвинува дека бил криминалец. Сигурен сум дека тој е невин. Од она што го прочитав, мислам дека нема направено некакво злодело“.

Тебас е свесен колку би била голема штетата за Ла Лига доколку Роналдо го напушти Реал ова лето.

Не постои мерка за тоа, тоа би било погубно за Примера и непоправлива загуба за сите нас во Шпанија“, се надоврза Тебас.