Првиот тим од Косово кој ќе заигра во ЛШ

1827

Екипата Трепча 1989 следниот месец ќе стане првиот тим од Косово, кој ќе заигра во европските натпреварувања.

Тимот на Трепча 1989, е една од четирите екипи во Косово, кои поседуваат лиценца за Европската фудбалска унија, па на 27 или 28 јуни ќе заигра во квалификациите за ЛШ.

Косово како земја стана член на УЕФА минатата година во мај, но тогаш ни шампионот Фероникељ, ни освојувачот на Купот на Приштина, не можеа да дојдат до УЕФА лиценца и излез во Европа.

Ждрепката за првата рунда од најелитното фудбалско натпреварување, следува наа 19 јуни, а потенцијални противници на оваа нова екипа во Европа, им се Њу Сеинтс од Велс, или Линфилд и Викингур од Фарските острови.