Прва радост: Иџе се искачи на подиумот на Нирбургринг

1128

Македонскиот претставник во ЕТЦЦ, Игор Стефановски Иџе првпат се искачи на подиумот на една трка оваа сезона.

Во првата од двете трки на патеката Нирбургринг, Стефановски го освои второто место за свој најголем успех досега. Иако стартуваше како четврти, тој го искористи откажувањето на Кристјоханес Шрајбер, а во завршницата го помина Фабио Мора и заврши веднаш зад победникот Петр Фулин. За својот пласман, Стефановски освои осум бода.

Втората трка на Нирбургринг се вози од 12:40 часот.

loading...