Прва победа за Роси на Мото ГП по една година

550

Возачот на Јамаха Валентино Роси денеска победи на трката за Големата награда за Холандија, додека Андреа Довициозо од Дукати во презеде лидерското место во Мото ГП шампионатот.

Легендарниот Италијанец дојде до првата победа по една година. До својата 115-та победа во кариерата дојде пред сонародникот Данило Петручи од Премак Дукати.

Третото место го зазеде бранителот на титулата Марк Маркес од фабричката Хонда, кој во борбата за подиумот во целта го победи возачот на ЛЦР Хонда Кал Крачлоу, а на петтото место заврши Довициозо кој со тоа успеа да го презеде лидерското место во генералниот пласман од Маверик Вињалес.

Роси денешната трка ја заврши за 41 минут и 41,149 секунди, што беше 0,063 секунди побрзо од второпласираниот Петручи.

Во генералниот пласман Довициозо е прв со 115 бода, на второто место го следи Вињалес со 111, додека трет е Роси со 108, а Маркес четврти со 104.

Следната трка во Мото ГП шампионатот се вози следната недела во германски Дрезден.