По 25 години Дуда Ивковиќ открива: Југославија ќе го победеше „Дрим тимот“ со Џордан и Меџик Џонсон

3507

Легендарниот југословенски и српски тренер во опширно интервју зборуваше за некои од најинтересните детали од својата богата кариера, меѓу кои и плановите за како да го сруши легендарниот американски „Дрим тим“.

Легендарниот тренер Душан Дуда Ивковиќ, во интервју за српски „Неделник“, зборуваше за многу теми, но пред се за кошарката.

Тој ја тренираше репрезентацијата на Југославија во времето кога истата беше во зенитот и важеше за еден од најсилните тимови на светот, но во 1992. година поради санкции не беше во можност да настапи на Олимписките игри, каде требаше да се соочи против оригиналниот, според многумина и единствениот американски „Дрим тим“ кој во тоа време го предводеа Мајкл Џордан, Меџик Џонсон, Скоти Пипен, Џон Стоктон, Карл Мелоун, Лери Бирд, Чарлс Баркли, Патрик Јуинг…

На спротивната страна, доколку немаше војна и распад на Југославија, ќе им се спротиставеа Владе Дивац, Дражен Петровиќ, Тони Кукоч, Дино Раѓа, Жарко Паспаљ, Предраг Даниловиќ, Александар Ѓорѓевиќ, Дејан Бодирога, Јуре Здовц…

Сепак, Дуда Ивковиќ смета дека репрезентацијата на Југославија би била поуспешна од Американците и дека на крајот ќе го освоела златото. Тајната би била во жестоките подготовки, по кои, југословенските кошаркари би биле поподготвени од Американците.

„ЕСПН ја објави мојата изјава дека верувам дека репрезентацијата на Југославија би го победила Дрим тимот. Ние бевме толку доминантна екипа што до финалето ќе дојдевме лесно. А би поставил таков програм на подготовки за тој натпревар со што ќе бевме далеку поподготвени. Тогашниот Меџик Џонсон со веќе дијагностициран ХИВ, Џордан и останатите, па тие не беа толку подготвени.

Овие сегашните американски тимови се многу поубиствени. Тие ги доведуваат најталентираните играчи кои ја мелат конкуренцијата“, вели популарниот Дуда.