По четири години пауза Надал во 1/4 финалето на УС Опен

327

Рафаел Надал се најде меѓу најдобрите осум тенисери на годинешното издание на УС Опен, откако во 1/8 финалето во три сета славеше над Александер Долгополов. Шпанскиот тенисер го доби мечот против Украинецот во три сета со 6:2, 6:4 и 6:1.

Догополов најавуваше дека ќе го елиминира Надал, го освои првиот гем на мечот, но потоа “бикот од Мајорка“ ја покажа својата сила, посебно во третиот сет кога му дозволи на противникот само еден гем.

Надал за пласман во полуфиналето ќе се бори со Андреј Рубљов, кој во три сета го доби Давид Гофан.