По превземањето на Аргентина, Сампаоли го врати големиот борец во селекцијата (Фото)

4676

Новиот селектор на Аргентина, Јорге Сампаоли истакна дека понудата да ја менаџира селекцијата на Аргентина, била понуда која не можел да ја одбие.

57 годишниот стратег ја напушта екипата на Севилја, со цел да ги води „Гаучосите“ нешто што бил неговиот голем сон во кариерата.

Минатото лето приказната беше различна, бев посветен за Севилја, но сезонава е сосема различна. Понудата да се води селекцијата на Аргентина не се одбива“, истакна Сампаоли.

По неговото доаѓање во репрезентацијата, се потврди податокот дека во репрезентацијата се враќа Мауро Икарди, играчот кој претходно беше запоставен од екс селекторот на Гаучосите.

Икарди сега се враќа во дресот на Гаучосите за следните предизвици, што сигурно ќе биде голема вест за тамошните навивачи.

Сампаоли ќе ја одработи сезоната во Примера, па дури потоа ќе и пристапи на Аргентина, како нов стратег на националната селекција.