По поразот од Вардар, Металург се ревитализираше со победа против Пелистер

449

Металург успеа да се соземе по поразот од РК Вардар, и денеска да го победи тимот на РК Пелистер, каде свое тренерско деби имаше легендата на македонскиот ракомет, Стевчо Алушовски.

Момците од Автокоманда беа подобри и победија со 31:25. Оваа победа потврдува дека Металург е сепак втора најдобра екипа во првенството, и дека повторно на крајот ќе бидат вицешампиони.

За Стевчо Алушовски останува да оствари прва победа со Пелистер на некој од следните натпревари.

loading...