Почнува ремонтот на Бернабе: Реал и Тотенхем планираат пеколна размена на играчи

1524

Се почести се шпекулациите дека Реал Мадрид ќе почне изградба на сосема нов тим на крајот од сезонава.

Најверојатно ќе си заминат голем број од сегашните ѕвезди, а на нивно место ќе дојдат други врвни фудбалери, претежно од Премиер лигата. Шпанските медиуми најавија дека Реал преговара со Тотенхем за размена на играчи.

Во неа ќе бидат вклучени Хари Кејн и Лука Модриќ кои ќе ги сменат местата со тоа што Реал ќе доплати уште 100 милиони евра. Модриќ дојде токму од Тотенхем, но наскоро ќе наполни 33 години и се помалку е корисен за тимот на Зидан.

Но, иако Реал има долга историја на соработка со Тотенхем, лондонскиот клуб е тежок за преговарање и целата работа може да се развлече дури и до крајот на преодниот рок, ако воопшто и биде реализирана.