Почна СП во пливање, Македонија со најмногубројна екипа досега

1203

Синоќа во Виндзор, Канада во импозантната сала “Колосеум” се одржа свеченото отварање на 13. Светско Првенство во пливање во 25 метарски базен, кое ќе се одржува до 11 декември.

На ова првенство ќе учествуваат над од 1000 пливачи од 176 држави. Македонија е застапена со досега најмногубројна репрезентација од било кое претходно светско или олимписко натпреварување. Репрезантацијата ја сочинуваат пливачите Анастасија Богдановски, Горазд Чепишевски, Дамјан Петровски, Марко Блажевски и Љупчо Ангеловски и е предводена од тренерите Методија Ангелески, Горан Стаменов и Боро Блажевски кој е воедно и водач на екипата.