Почна реконструкцијата во Реал: Азар е првата ѕвезда што се сели “Бернабе”

1719

Реал Мадрид уште зимава ќе почне со остварување на плановите за реконструкција на тимот.

Шпанските медиуми објавија дека веќе се е договорено со Еден Азар и тој во летниот преоден рок ќе стане нов член на најтрофејниот шпански клуб. Останува уште во следните месеци Реал и Челси да ја договорат висината на отштетата и Белгиецот да се пресели на “Бернабе”.

Јасно е дека неговото доаѓање во Реал ќе предизвика турбуленции во составот, една од ѕвездите ќе мора да си оди, а кој ќе биде тоа, ќе се знае наскоро.