Почнаа плановите: Првото засилување за Луис Енрике ќе биде од – Барселона!

3514

Прашање е дали Антонио Конте ќе ја доврши сезоната на клупата на Челси, а и ако се случи тоа, ќе биде заменет во текот на летото.

Се поизвесно е дека неговата позиција ќе ја пополни Луис Енрике кој е без работа откако лани ја напушти Барселона. Можно е тој да биде назначен во следните десетина дена, односно пред дуелот со Барса во осминафиналето од Лигата на шампионите, но главната работа треба да ја заврши во летниот преоден рок.

А, таму Челси ќе биде мошне активен за да донесе фудбалери по вкус на Енрике. Првото засилување, како што информираат англиските медиуми, ќе биде Луис Суарес со кого шпанскиот стручњак работеше три сезона на Камп Ноу. Дојдоа заедно во 2014 година и освоија девет трофеи.

Барса не би се откажала од него, но ќе го прекрши Финансискиот фер-плеј ако го донесе Антоан Гризман и затоа мора да продава. Суарез ќе биде прв на удар иако уругвајскиот репрезентативец е еден од најдобрите напаѓачи кои некогаш го облекле дресот на Барселона.