Почнаа обвинувањата: Ждрепката за Мундијалот е наместена!

1176

Не поминаа ни 24 часа, а веќе почнаа обвинувањата дека ждрепката за Светското првенство е наместена.

И тоа во корист на домаќинот Русија која ја доби убедливо најлесната група. Смеење ќе биде отворањето на првенството на кое домаќинот ќе се сретне со Саудиска Арабија во, веројатно, најнеатрактивниот прв меч на едно Светско првенство. Освен овие две селекции, во групата А се уште Египет и Уругвај.

Обвинувањата одат дотаму што постојат тврдења дека на руската репрезентација и било потребно вакво нешто за да игра колку е можно подолго на Мундијалот. Владимир Путин и државата потрошија десет милијарди евра на организација на шампионатот и ќе биде голем срам ако репрезентацијата не ја помине групната фаза.

Мала анализа ќе покаже дека групата А е убедливо најслаба на ова првенство, но и во историјата на Светските шампионати. Просечниот збир на поени изнесува 1.720, дури 98 помалку од просекот на сите репрезентации.