Потешко од очекувањата – МЗТ Скопје до победа против КК Гостивар

194

Кошаркарите на МЗТ Скопје вечерва беа сигурни против новиот прволигаш, тимот на КК Гостивар, од кој беа подобри со резултат 75:67.

„Штрковите“ ја запишаа 4. победа во првенството во рамките на ова 6. коло од првенството.

Првата четвртина МЗТ Скопје влезе опуштено, па тоа резултираше со минимална предност по првите 10 минути за гостинската екипа (17:18).

Вториот дел беше резервиран за домаќините, кои со 16:11, се вратија во водство по кое заминаа на полувреме (33:29).

Третиот дел исто така беше за МЗТ Скопје (24:20), па екипата од Аеродром создаде предност од +8 поени. Последната четвртина гостите направија напори да се вратат во мечот и да се обидат да ги изненадат „сините“ но сепак тоа не им успеа.

Марко Симоновски беше играчот кој најдобро се снајде на теренот, постигнувајки 22 поени.