ПОТВРДЕНО: Познат е новиот тренер на Ѓоковиќ

765

По многу шпекулации, Новак Ѓоковиќ вечерва го објави името на својот нов тренер.

Како што се очекуваше, тоа е довчерашниот чешки тенисер Радек Штепанек кој веднаш по завршувањето на кариерата доби можност да стане тренер. Информацијата за соработката ја потврди самиот Ѓоковиќ.

“Многу е интересно бидејќи барам втор тренер. Не знам што имаш на ум, но ако немаш ништо подобро да работиш, би можеле да се обидеме, можеби можеш да ми бидеш тренер”, му се обрати Ѓоковиќ на Штепанек.

“Знаеш, многу одмарав претходните шест недели, па можеме да се обидеме”, одговори Чехот.

Штепанек ќе му биде тренер на српскиот ас на помалите турнири во новата сезона, додека на Гренд слемовите во неговата ложа ќе седи Андре Агаси.