Португалецот пак во акција: Играч на Лајпциг е најновата желба на Мурињо

1447

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо со сите сили е насочен кон селекција на тимот за идната сезона иако оваа уште не е на половина.

Англиските медиуми информираат дека негова најнова цел е фудбалерот на Лајпциг, Емил Форсберг. Токму поради него, наводно, Мурињо присуствувал на квалификацискиот натпревар меѓу Шведска и Италија каде беше во друштво на Златан Ибрахимовиќ.

Шведскиот репрезентативец има договор со Лајпциг до 30 јуни 2022 година, а самиот веќе почнал да работи на својот излез од клубот. Можно е неговиот трансфер да се оствари и во јануарскиот преоден рок со цел Јунајтед да создаде тим кој ќе му биде конкурентен на градскиот ривал Сити.