Поразот од Хас е најтежок за Федерер во 21. век

601

Најуспешниот тенисер на Роџер Федерер вчера доживеа шокантен пораз од Томи Хас во второто коло од АТП турнирот во Штутгарт откако загуби со 1-2.

Ако се земе предвид пласманот на ветереанот Хас (302. на АТП листата), ова беше најтежок пораз за Федерер уште од 1999 година. Тогаш, на турнирот во Вашингтон, тој загуби од Бјерн Фау кој беше на 407. место на АТП листата. Но, мора да се има предвид дека Федерер тогаш не беше она што претставува сега и тој меч го дочека како 104. тенисер во светот.

Оттука, може да се каже дека поразот од Хас е најтежок во кариерата на Федерер. Интересно е тоа што оваа сезона Швајцарецот доживеа само два порази и двата од тенисери кои не се меѓу првите 100 во светот. Првиот беше од Јевгениј Донској, во тој момент 116. на АТП листата.