Поради семејната загуба – Хамилтон размислува и за прерано пензионирање од Ф1

889

Британскиот возач Луис Хамилтон и сезонава доминираше и ја освои шампионската титула во Ф1, по четврти пат во кариерата.

Меѓутоа, Хамилтон во една емоционална изјава во медиумите, признава дека можеби ќе се повлече од мотоспортот и порано од тоа што фановите очекуваат. Причина за таквиот став е неговата покојна тетка.

„Пред некој ден на мојот најблизок пријател му реков дека сакам да почнам еден живот на некое посебно место, да имам своја теретана, да имам време за семејството и пријателите. Секоја сезона во Ф1 ги одлагам работите“.

Мојата тетка почина од рака и последно што ми рече беше дека напорно работела со план, за да еден момент застане и да се посвети на некои други активности. Таа не го дочека тој ден, но затоа сега јас размислувам за тоа. Сакам да продолжам со пружење на максимум на трките, но истовремено сакам и да правам друго работи во животот“, констатира Хамилтон.

32 годишниот британски возач, во 11 сезони колку што е во Формула 1, има 62 победи зад себе и дури 72 пол-позиции, зачинети со 4 шампионски титули.