Поради венчавката на Меси, Суарез турнат на земја… (Фото)

2480

Уругвајскиот фудбалер Луис Суарез пред две години доби своја статуа во родениот град Салтo, поради сите негови заслуги во фудбалот и она што го има направено за репрезентацијата.

На тој начин градот сакаше да му покаже најголеми почести на Суарез, меѓутоа статуата на напаѓачот од Барселона деновиве беше срушена, а осомничениот за тоа дело веднаш бил уапсен.

Вандализмот владее во Уругвај, но ова е врв, статуетата на Суарез е турната на земја, а во целиот тој чин, од страна на вандалот кој го направил ова, оставена била порака… „Заминав на венчавката на Меси, се враќам наскоро, Луис Суарез“, алудирајки на коментар од самиот фудбалер.

Јасно е познато дека Уругвај и Аргентина не се во добри односи, мислејки на нивните навивачи, па затоа е веројатно и овој потег.