Понекогаш тажен е крајот: По шокот со ФМП, Џикиќ го напушти Партизан

1175

Српскиот стратег и тренер на Партизан, Александар Џикиќ, ги напушта „црно-белите“ денеска, откако го раскинале спогодбено договорот двете страни, тоа денеска го потврди и Партизан.

Извесно е дека овој стратег, кој пред извесен период ја водеше и селекцијата на Македонија, има опција за трансфер во екипата на Будуќност, со кој веќе имале начелен договор.

Александар Џикиќ клупата на Партизан ја превзема во јануари минатата година, а во првата сезона од неговата работа, со Партизан се изборија за 5. позиција во АБА лигата, за финале во националниот Куп и домашната лига.

Но сезоната им заврши со шокантната и неочекувана елиминација од ФМП во полуфиналето на српското првенство, и прв пат по 19 години нема да играат финале.

Од таборот на Партизан му се заблагодарија на Џикиќ за се што сторил досега, и му посакаа успех во неговиот следен предизвик.