“Помислив дека повеќе нема да играм на Централниот терен”

694

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер истакна колку му значи пласманот во финалето на Вимблдон.

“Се чувствувам привилегиран што уште еднаш сум во финалето, задоволство ми е повторно да играм на Централниот терен”, рече Федерер.

Швајцарецот ќе се бори за втората грен слем титула оваа сезона, по долгата пауза која ја имаше минатата година, има прилика да стигне до победа против Марин Чилиќ.

“Мислам дека паузата беше добра бидејќи телото мора да одмара од време на време. Драго ми е што се исплатеше бидејќи постоеше сомнеж дека можеби никогаш повеќе нема да заиграм на Централниот терен”, додаде 35 годишниот тенисер.

Освојувачот на 18 Грен Слем титули изјави дека многу фактори одлучуваат за пензионирање од светот на “белиот спорт”.

“Здравјето е многу важно. Успесите се исто така круцијални – тие ме одржуваат тука каде што сум. И овој турнир е еден од оние кој ме тера и понатака да се натпреварувам. Не сум донел конкретна одлука. Од повредата се планирам многу подетално, планирам по година дена однапред”, заклучи Федерер.

Финалето е во недела од 15 часот.