Поминати лекарските прегледи: Реал го доби првото засилување

1862

Долгите преговори конечно вродија со плод – Реал Мадрид најде голман за следните десетина години.

Станува збор за 23-годишниот баскиец, Кепа Аризабалага кој доаѓа од Атлетик Билбао, а отштетата за него изнесува 20 милиони евра. Досега дилемата беше дали тој ќе дојде во јануарскиот или летниот преоден рок, но и тоа е решено – Кепа доаѓа веднаш.

Денеска тој ги помина лекарските прегледи во Реал и се очекува да биде претставен на почетокот од идната недела. Наводно, ќе потпише договор на шест години.