Полуфинале и за Фени Индустри преку Охрид

250

Фени Индустри е вториот полуфиналист во Македонскиот куп, откако претходно Карпош Соколи лесно минаа преку Вардар и обезбедија свое место во најдобрата четворка.

Кавадарчани славеа против Охрид со 112:69 на домашен терен. Во текот на сиот меч Фени ја оправда фаворитската улога, доминирајќи на теренот и добивајќи ги сите четири четвртини.

Во моментов, за полуфинале се борат Работнички и Куманово, додека пак, последниот патник во најдобрата четворка ќе го имаме по дуелот помеѓу МЗТ Скопје и Кожув.