Познат првиот полуфиналист на УС Опен

697

Слободно може да се каже дека, Шпанецот Пабло Корено-Буста е изненадување на годинешното издание на УС Опен. Тој денеска беше промовиран во прв полуфиналист на турнирот во Њујорк, откако во три сета го победи Диего Швартцман од Аргентина.

Интересно е тоа што Карењо-Буста без загубен сет стигна меѓу најдобрата четворка, кај мажите бидејќи и денешниот меч го доби во три сета, со резултат 6-4, 6-4, 6-2 .

За 12-тиот тенисер на светот ова е најголем успех во кариерата бидејќи претходно нема постиганто позначаен усех кога во прашање се Грен слем турнирите.

Тој за место во финалето ќе се бори со подобриот од мечот меѓу Американецот Сем Квери и Јужноафриканецот Кевин Андерсон.