Познат новиот календар во Формула 1: Нема повеќе ГН на Малезија, се враќаат две европски трки!

1134

Луис Хамилтон оваа сезона дојде до четвртата шампионска титула во Формула 1 во кариерата. Покрај тоа, неговиот Мерцедес славеше во конкуренција на конструктори.

Ферари се надева дека конечно следната година ќе може да се врати на тронот, а сега е објавен и комплетниот календар за 2018. година.

Големата награда на Австралија, која ќе се одржи за точно 118 дена (25. март) на патеката „Алберт Парк“, ќе биде првата од 21 трка колку што се планирани за новата сезона.

Преостанува само уште потврда од ФИА, која всушност би требало да биде само формалност. Новост е тоа што повеќе нема да гледаме трки за Големата награда на Малезија на патеката „Сепанг“, а се враќаат Големата награда на Франција на патеката „Мањи-Курс“, како и Големата награда на Германија на патеката „Хокенахјмринг“.

Франција на календарот на Ф1 се враќа по 2008. година, додека ГН на Германија има поинаква историја. Имено, „Хокенхајмринг“ и „Нирбургринг“ со години се менуваат како домаќини на ГН на Германија, но со оглед на тоа дека „Нирбургринг“ банкротираше, „Хокенјајм“ остана како единствена Ф1 дестинација во Германија, каде трките се одржуваа на секои две години.

Во Франција ќе се вози на 24. јуни поради што трката од Азербејџан (оваа година возена под називот Големата награда на Европа, а во иднина Големата награда на Азербејџан), ќе биде префрлена два месеци порано, на 29. април.

25. март: ГН Австралија (Мелбурн)

8. април: ГН Бахреин (Сакхир)
15. април: ГН Кина (Шангај)

29. април: ГН Азербајџан (Баку)

13. мај: ГН Шпанија (Монтмело)
27. мај: ГН Монако (Монте Карло)

10. јуна: ГН Канада (Монтреал)
24. јуна: ГН Франција (Ле Кастељет)

1. јули: ГН Австрија (Спилберг)
8.јули: ГН Велика Британија (Силверстон)

22. јули: ГН Германија (Хокенхајм)

29. јули: ГН Унгарија (Могyород)

26. август: ГН Белгија (Ставелот)
2. септември: ГН Италија (Монца)

16. септември: ГН Сингапур (Марина Беј)

30. септември: ГН Русија (Сочи)

7. октомври: ГН Јапонија (Сузука)
21. октомври: ГН САД (Остин)

28. октомври: ГН Мексико (Мексико Сити)

11. ноември: ГН Бразил (Сао Пауло)
25. ноември: ГН Абу Даби (Абу Даби).