Познат и последниот учесник во новата сезона на кошаркарската Евролига

350

Комплетиран е списокот на екипи кои ќе играат во новата сезона на кошаркарската Евролига.

Откако Бамберг ја освои третата последователна титула по победата над Олденбург во финалето на Бундеслигата, заокружена е листата на учесници во елитниот кошаркарски шампионат.

Покрај германскиот состав во новата сезона ќе се натпреваруваат уште и Реал Мадрид, Барселона, Басконија, Фенербахче, Анадолу  Ефес, Олимпијакос, Панатинаикос, Армани Милано, ЦСКА  Москва, Макаби Тел Авив, Жалгирис, Црвена Ѕвезда, Кимки, Уникаха и Валенсија, а она што е воочливо е дека овој пат доминираат шпанските екипи.

Завршниот турнир од сезната 2017/2018 ќе се одржи во Белград.