Познато е каде ќе се одржат Олимписките игри во 2024 и 2028 година

1301

Членовите на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) денеска ги избраа градовите во кои ќе се одржат Летните олимписки игри по оние во Токио во 2020 година.

Организацијата ја добија Париз и Лос Анџелес кои беа единствени кандидати за Игрите во 2024 година пред да се појави иницијативата за симултано домаќинство на двата олиписки циклуси. Во септември, членовите на ИОК ќе гласаат во кој од овие два града ќе се одржи Олимпијадата во 2024, а во кој во 2028 година.

Двата града по два пати досега биле домаќини на Летните олимписки игри. Париз ги организираше во 1900 и 1924 година, а Лос Анџелес во 1932 и 1984.