Познати сумите кои играчите на Фенер ги инкасираат – Антиќ добро заработува

3966

Фенербахче е новиот владетел во кошаркарска Европа, а само неколку дена по големиот триумф во финалето против Олимпијакос, протекоа информации за тоа кој играч колку заработува во Фенербахче.

Медиумите во Турција успејаа да дојдат до ексклузивни податоци и да ги понудат во јавноста, за да стане јасно кој како котира на финансискиот список на управата на клубот од Истанбул.

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ, кој настапува во Фенербахче, откриено е дека заработува 1.300.000 евра по сезона, додека најдобро платен е Јан Весели кој заработува 2.600.000 евра, што е двојно повеќе од Перо Антиќ.

Со оглед на тоа дека колективот на Фенербахче е квалитетен и има многу добри поединци, над милиони по сезона инкасираат уште и Луиџи Датоме, Богдан Богдановиќ и Боби Диксон.